Македонија

Мартенс: Се наоѓаме во мала земја со муабети „рекла казала“, „Дрексел мајер“ не планира да замине

Одговорајќи на новинарско прашање дали „Дрексел мајер“ планира да си замине од земјава, директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс беше категоричен и повторно рече дека тоа се муабети „рекла – казала“:

– Земјава има проблем со „рекла – казала“. Такво нешто не сум слушнал, ниту можам да замислам особено зашто оваа компанија е дел и од проектот за дуално образование, подвлече Мартенс. Во однос на новите инвестиции, откри дека се работи за компании од машинската и автомобилската индустрија, но не само од Германија, туку и од САД и Австрија. Во земјава засега работат преку 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица. Трговската размена, пак, со Германија минатата година достигна 3,6 милијарди евра. – изјави Мартенс.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни