Масакр без крај: Речиси 70.000 мртви

Здравствените власти во Појасот Газа денес соопштија дека до сега во војната меѓу Израел и Хамас загинале повеќе од 69.000 Палестинци.

Министерството за здравство на Газа наведе дека бројот на жртви се зголемил на 69.169, додека дополнителни 170.685 лица се повредени од почетокот на нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, пренесе АП.

Според соопштението, најновото зголемување на бројот на жртви се препишува на пронаоѓање на поголем број тела под урнатини, како и на идентификација на претходно неидентификувани жртви по објавувањето на примирјето во Газа.

Во Газа пристигнаа 15 тела

Соопштението доаѓа ден откако Израел ги вратил телата на 15 Палестинци во Газа, во согласност со договорот за примирје посредуван од САД.

Како дел од договорот, Израел за секој починат Израелец држен како заложник добил тела на 15 Палестинци.

Болницата Насер во градот Кан Јунис потврди дека телата пристигнале во тој центар, додека израелската влада идентификувала едно од телата на израелските заложници, Лиор Рудаеф, кој загинал на 7 октомври за време на борбите против Хамас.