Сопственикот на Tesla и SpaceX, Eлон Маск, има богатство од 230 милијарди долари, што е еднакво на вкупното богатство на милијардерите Бил Гејтс и Ворен Бафет.
И Гејтс, кој има богатство од 130 милијарди долари, и Бафет, кој има богатство од 102 милијарди долари, некогаш биле најбогатите луѓе на светот.
Извршниот директор на Амазон Џеф Безос беше најбогатиот човек на светот од 2017 година до јануари оваа година со богатство од 185 милијарди долари. Тогаш Маск стана најбогат.
Од почетокот на оваа година е побогата за 60 милијарди долари, а тоа е последица на растот на вредноста на акциите на Tesla. Преку бизнисот SpaceX заработи 11 милијарди долари.
Сепак, Гејтс и Бафет, за разлика од Маск, донираа милијарди долари. Маск беше критикуван од оние кои мислат дека тој не донира доволно пари. На критичарите им кажа дека тоа го направил анонимно.
Оваа година, тој вети дека ќе донира 150 милиони долари, од кои 100 милиони долари треба да се искористат за намалување на емисиите на јаглерод. Се претпоставува дека ова е неговата најголема донација на пари досега, пренесува CNBC.
