Македонија

Маскирани лица запалиле бали со сено во Дебрца

Маскирани лица запалиле бали со сено во Дебрца

На 23.01.2026  година во 16:55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека две маскирани лица, на нива лоцирана во селото Оровник, општина Дебрца, запалиле неколку бали со сено.

Ширењето на пожарот било спречено со интервенција на сопственикот на нивата.

Се преземаат мерки за расветлување на настанот по што, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни