Матка „плива“ во отпадоци – децата бараат почиста животна средина

Четиригодишната Елиза заедно со своите другарчиња дели ракавици за собирање на отпадот расфрлан низ Кањонот Матка. Им порачува на граѓаните отпадоците да ги фрлаат во корпа, а не на земја.

Акцијата започна во 8 часот наутро, а активистите ги чекаше многу работа. На иницијативата за расчистување на брегот на реката Треска ѝ се приклучија и јавните претпријатија „Паркови и зеленило“  и „Комунална хигиена“. Од таму велат дека често ја чистат оваа зона, но сепак, како што тврдат, несовесните граѓани постојано фрлаат отпад.
„Откако ќе исчистиме, за два дена повторно е полно со отпадоци. Треба да има чистота, но ние не знаеме да го одржуваме местото чисто“, изјави Шефки Шаќири – вработен во „Комунална хигиена“.

Иако во оваа зона нема доволно контејнери и корпи, од „Паркови и Зеленило“ и „Комунална хигиена“ ги обвинуваат граѓаните за степенот на нечистотијата.

„Го даваме максимумот и имаме 100% зголемување на обемот на работата. Но, одржувањето, како што кажа и директорот, треба да биде заедничко“, изјави Ардиан Муча – директор на ЈП „Паркови и зеленило“

Акцијата за чистење на Кањонот Матка, беше организирана од Невладината „ Фор Селект“. Нивната следна дестинација е селото Шишево и Глумово. На денешниот настан, кој се одржа по повод Светскиот ден на рециклирање, и официјално беше промовирана иницијативата TrashTag, додека пак децата испратија пораки за спасување на планетата Земја. Целта е и граѓаните да станат дел од акциите за чистење и да ја одржуваат животната средина што е можно почиста. Од организацијата „Фор Селект“ велат дека во Македонија се рециклира само 1% од отпадот.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното