Македонија

Маж од Гостивар возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес

Маж од Гостивар возел во спротивна насока на автопатот Скопје- Велес
ФОТО 4news.mk

На 29.03.2026 во 19:30 часот на автопатот Скопје-Велес, кај наплатна станица „Сопот“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиja од слобода Ј.Н.(40) од Гостивар, затоа што на автопатот управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки во спротивна насока на автопатот.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни