Македонија

Маж од гостиварско удрил 7-годишно девојче со автомобил

На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Радиовце и Жеровјане, вчера околу 13 часот, патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 35- годишниот А. А. од гостиварско Корито, удрило во 7- годишно девојче ( пешак ) од Жеровјане, кое го претрчувало коловозот.

Повреденото девојче пренесено е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни