Македонија

Маж од Косово со возило удрил во три возила, три контејнери и семафор во Скопје

Маж од Косово со возило удрил во три возила, три контејнери и семафор во Скопје

Полицијата информира дека на 26.12.2025 година околу 12:30 часот во Скопје, на улицата „Григор Прличев“, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот С.Р., државјанин на Косово со привремен престој во село Арачиново, удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, како и во три контејнери.

Возилото потоа удрило и во патничко возило „сузуки“ во движење, управувано од 24-годишниот А.Ј. од Скопје, а продолжувајќи го движењето, на крстосницата од булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, С.Р. удрил во семафор и во уште едно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот С.Г. од село Долно Лисиче.

Според полицијата, во несреќата најтешко е повреден возачот С.Р., кој со тешки телесни повреди е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата ја продолжува истрагата за причините за инцидентот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни