На 25.09.2025 во 14:10 часот во с.Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева.
Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад. На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева.
Читај и ова:
- 1.Зеленски: Украина ја зголемува употребата на оружје со долг дострел и санкциите против Русија
- 2.Го славиме Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
- 3.Дневен хороскоп – четврток – 9 октомври 2025 година
- 4.Финансиските друштва со рекордни 150 милиони евра кредити кон населението
- 5.Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од планот – Трамп: Ова е невидено, знаеме што следи