Свет

Маж отишол на трансплатација на коса во Турција: По процедурата починал!

Маж отишол на трансплатација на коса во Турција: По процедурата починал!

Британски турист почина по трансплантација на коса во Турција, што предизвика полициска истрага за приватната клиника каде што е извршена процедурата, објавува британскиот „Сан“.

38-годишникот отпатувал за Истанбул и бил опериран пет часа во клиника во понеделник.

Но, кратко по операцијата, туристот се разболел сериозно и бил итно префрлен во болница, објавува турскиот „ОдаТВ“.

Неговото тело подоцна било однесено во Институтот за судска медицина на обдукција.

Полицијата започнала истрага, третирајќи го случајот како можно „убиство од небрежност“.

Се подразбира дека полицајците веќе ги испрашале вработените во клиниката – вклучувајќи го хирургот кој ја извршил трансплантацијата на коса, анестезиолог и медицинска сестра.

Трагедијата се случува во време на бум во „медицинскиот туризам“ во Турција, која сега сочинува речиси 60% од глобалниот пазар за трансплантација на коса благодарение на поевтините, висококвалитетни процедури.

Според некои проценки, повеќе од еден милион луѓе патуваат во земјата секоја година за третмани за реставрација на косата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни