Маж се разнесе со бомба во дворот од неговата куќа: Хорор во Србија!

Стево М.(66) од Апатин утрово почина во експлозија на бомба во дворот од неговата куќа. Трагедијата се случила на улица Сомборска бр. 56/а околу 09:45 часот во задниот дел од семејната куќа, а најверојатно се работи за самоубиство.

Според неофицијални информации, рачна бомба Стево М. чувал оддамна, но по трагичниот настан не била пронајдена во куќата.

Детонацијата се слушнала на поширокото подрачје и ги вознемирила граѓаните. Екипата на итната медицинска помош која набрзо пристигнала на местото на настанот можела само да ја констатира смртта на несреќниот маж.

По извршената полициска истрага, неговото тело е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното