Балкан

Маж сокрил 59.000 евра во чорапите и се обидел да влезе во Македонија – полицијата го откри

Маж сокрил 59.000 евра во чорапите и се обидел да влезе во Македонија – полицијата го откри

На граничниот премин Прешево во Србија, спречен е обид за шверц на 59.000 евра, кои 55-годишен возач на БМВ ги сокрил во неколку чорапи складирани во неговиот багаж.

Маж отпатувал од Германија во Грција и рекол дека нема што да пријави, соопшти Царинската управа во Србија. Царинските службеници го провериле возилото и на задното седиште пронашле торба со лични предмети, меѓу кои и пар чорапи полни со банкноти од евро.

Дел од парите ги сокрил и во џебот од панталоните. Од 59.000 евра, на човекот му се вратени дозволените 10.000 евра кои може да се префрлат преку граница без пријавување. Надлежниот суд ќе одлучи што ќе прави со остатокот од парите во прекршочната постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни