Вчера околу 10 часот наутро, во атарот на селото Рилево, општина Долнени, мечка нападнала повозрасен маж додека собирал печурки.
Од нападот мажот се здобил со тешки телесни повреди.
Ловџии кои се наоѓале во близина го забележале и му помогнале, по што бил пренесен во прилепската болница.
Поради сериозноста на повредите, подоцна бил транспортиран на Клиниките во Скопје.