Меџити: Ахмети време е да си оди!

Кандидатот за градоначалник на општина Чаир од коалицијата ВРЕДИ, Изет Меџити, во одговор на новинарско прашање изјави дека очекува распад на коалицијата околу Демократската унија за интеграција (ДУИ) и оцени дека е време лидерот Али Ахмети да се повлече од политиката.

„Прво, коалицијата која постојано ги менува имињата и сега бега од називот ДУИ, сами знаат дека нема ништо останато од тоа што беше создадено во 2002 година. Прво беа европски фронт, потоа национален фронт, а сега АКИ – утре којзнае што ќе бидат“, изјави Меџити.

Тој додаде дека ваквите промени се доказ за внатрешна криза и губење на политичкиот идентитет на ДУИ.

„Очекувам дека ќе има распад на таа коалиција, а и во самата партија. Мислам дека е време Ахмети да си оди“, нагласи Меџити.

Изет Меџити беше еден од првите функционери кои се одвоија од ДУИ и ја формираа коалицијата ВРЕДИ, која на овие локални избори настапува самостојно во повеќе општини со мнозинско албанско население.