Меџити до Османи: Избери го местото, медиумот, сам или заедно со Ахмети, Груби, со твојот тим што го имаш, каде што сакаш, таму ќе дојдам!

На митингот на коалицијата ВЛЕН, одржан во општина Арачиново во рамки на кампањата за локалните избори, кандидатот за градоначалник на Чаир и еден од лидерите на коалицијата, Изет Меџити, повторно упати повик за јавно соочување со неговиот противкандидат Бујар Османи.

Во своето обраќање, Меџити порача дека Османи, свесен дека губи поддршка меѓу граѓаните, се обидува преку доцно и неискрено претставување да создаде привид на политичка сила и поддршка.

„Толку се контрадикторни и не знаат што зборуваат. На почетокот на кампањата јавно го повикав мојот противкандидат да излеземе на телевизиски дуел, да се соочиме, затоа што ВЛЕН донесе конкуренција меѓу Албанците, конкуренција на албанската политичка сцена, конкуренција во идеи, во програми. Нека биде тоа политичка трка, кој ќе направи повеќе за Арачиново, кој ќе направи повеќе за Чаир, за нашите општини. А неговиот одговор беше: Јас ќе излезам на дуел со Мицкоски, не со овие! А вчера и завчера го слушнав, откако виде дека ја губи битката и нема што повеќе да изгуби, отиде и глумеше пред МРТВ, „Еве дојдов, Изет не дојде“. Му одговорив и писмено, но ќе го искористам и оваа место, Арачиново, непокорената тврдина, за да му порачам: Бујар, избери го местото, избери го медиумот, сам, заедно со Али Ахмети, со Артан Груби, со твојот тим, со ПР агенциите што ги имаш, ајде во кој сакаш медиум, на мегдан, на плоштад, каде што сакаш, таму ќе дојдам. Ќе ги соочиме нашите политички аргументи, нашите идеи, нашите проекти, нашата програма, нашата визија,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити, воедно и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.