Меџити: Груби е во постојан контакт со Ахмети

Првиот заменик-премиер, Изет Меџити, во емисијата „Дијалог на Лајми“, изјави дека неговиот предходник Артан Груби, кој е во бегство од правдата во земјата, е во постојан контакт со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и тоа, според него, се забележува од начинот на функционирањето на партијата и медиумите блиски до него.

„Се зборува дека е во Албанија. Мислам дека е во постојан контакт со лидерот и раководството на ДУИ. Го гледам, сè уште се во неговото влијание. Тоа се гледа и во медиумите, и на порталите, и во соопштенијата. Тој замина, но последиците од него се очигледни и непоправливи“, рече Меџити.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното