Меџити: Ние сме со Али Ахмети, но претседателе не го гори јорганот за една болва
„Ние сме со Али Ахмети, но претседателе, не го гори јорганот за една болва“, со овие зборови вчера се обрати потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити пред голем број граѓани и партиски активисти на огранокот на ДУИ во Студеничани, каде високи функционери на Демократската унија за интеграција –ДУИ, детално ја образложија анализата на работата на извршната власт во последните 2 години.
Меџити пред присутните посочи дека перформансите на извршната власт во последните 2 години се многу слаби во главните области кои се суштински за граѓаните Албанци, почнувајќи од капиталните инвестиции, образованието, патната инфраструктура, екологијата и така натаму.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни