Македонија

Меџити: За првпат годинава има двапати покачување на платата за здравствените работници

Меџити: За првпат годинава има двапати покачување на платата за здравствените работници

Министерството за здравство истакна свој став во однос на протестите од независниот синдикат.

Според нив, оваа година два пати веќе се покачуваат платите на здравствените работници.

„Еднаш во првата половина на годината се покачија за 2000, 2500 и 3000 за три различни групи здравствени работниици. А сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината. Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и Министерството и министерот Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба. Сепак, можностите и буџетот не дозволуваат повеќе од две покачувања во годината. Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално има беше образложен пристапот на Владата и Министерството за здравство во однос на покачувањата“, велат од таму.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни