Балкан

Медицинска сестра во Србија во живо пренесувала породување на ТикТок

Медицинска сестра во Србија во живо пренесувала породување на ТикТок

УТРОВО повеќе од 200 луѓе во Србија го следеа преносот на породувањето на гинеколошката клиника „Народни фронт“. Медицинска сестра од таа клиника во живо го пренесувала породувањето на социјалната мрежа ТикТок.

„Дали е можно како општество повеќе да немаме свест за тоа што е правилно?

“Згрозен сум од човечката глупост и грубост. Утрово во 4:30, користејќи TikTok, наидов на директен пренос на раѓање. Повеќе од 200 луѓе го следеа раѓањето во живо. Дали е можно како општество повеќе да немаме чувство за тоа што е правилно, а што не? Дали е можно некој да мисли дека треба да се стримува нешто толку интимно како породувањето? Налогот на TikTok, како и сите лекари при раѓањето кои знаеле дека се емитува во живо, заслужуваат да одговараат кривично, а секако и граѓански“, напиша за Н1 Србија човек кој даде увид во скандалозната снимка.

Снимањето и објавувањето на породувањето е строго забрането со Законот за здравствена заштита, а раководството на клиниката изјави дека најостро ги осудува постапките на медицинската сестра и наведува дека таа е веднаш суспендирана и дека е покрената дисциплинска постапка.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни