Во божиќниот специјал од Белата куќа, шоу кое беше вратено на американскиот телевизиски канал PBS под администрацијата на Бајден, публиката имаше можност да види танцова точка од претставата на Бродвеј што медицински сестри ја изведоа пред претседателската двојка во источното крило на Белата куќа.
Во двеминутното видео кое стана вирално во четвртокот, медицинските сестри во темносини униформи танцуваат и ја пеат песната We Need a Little Christmas.
Joe & Jill Biden invited singing nurses to perform in the East Room.
— Amy Tarkanian (@MrsT106) December 23, 2021
WATCH: pic.twitter.com/6Y12jHXOT3
Настапот на медицинските сестри во Белата куќа е снимен на почетокот на овој месец и емитуван на PBS во вторникот, што е прв божиќен специјал од Белата куќа од 2016 година, бидејќи ниту една од нив не била снимена за време на администрацијата на Трамп.
Песната We Need a Little Christmas е од мјузиклот Mama од 1966 година, изведена од Анџела Лансбери.
Претседателот Џо Бајден не се појавува во видеото, за разлика од неговата сопруга Џил.
Врз основа на логото на униформите, новинарот Џордан Шахтел заклучил дека медицинските сестри се вработени во Нортвел Хелт, најголемиот давател на здравствена заштита во државата Њујорк, кој вработува над 76.000 медицински работници.
