Свет

Медведев: Немаме причина за какви било надуени очекувања, изборите во САД нема да сменат ништо!

Медведев: Немаме причина за какви било надуени очекувања, изборите во САД нема да сменат ништо!

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Советот за безбедност на Руската Федерација, предупреди на високите очекувања од претстојните претседателски избори во САД, закажани за 5 ноември.

„Немаме причина за какви било надуени очекувања за Русија, бидејќи овие избори нема да сменат ништо. Ставовите на кандидатите целосно го одразуваат двопартискиот консензус за потребата нашата земја да биде поразена“, објави Медведев на својот канал Телеграм, пренесува ТАСС.

Тој рече дека „најдобар начин да се направи 5 ноември пријатен за кандидатите за највисоката американска функција е Русија да продолжи да го уништува киевскиот нацистички режим“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни