Меѓународните набљудувачи денеска со првични оценки за локалните избори во Македонија

Меѓународните набљудувачи денеска ќе ги соопштат своите прелиминарни оценки за текот на Локалните избори 2025 во Република Северна Македонија, на прес-конференција што ќе се одржи во Скопје.

Меѓународната мисија за набљудување е заеднички ангажман на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа и Европскиот парламент.

Во мисијата се вклучени вкупно 276 набљудувачи од 40 држави – 254 експерти и набљудувачи на ОДИХР (долгорочни и краткорочни), 15 претставници на Конгресот и седум од Европскиот парламент.

На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе зборуваат Матео Мекачи, шеф на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР, Гобнит Ни Вимнехан, шефица на делегацијата на Конгресот, и Марта Темидо, шефица на делегацијата на Европскиот парламент.