МЕКА ПИТА СО ЗЕЛКА И ВАРЕНИ ЈАЈЦА: Не ви требаат кори, само брзо замесете тесто и испечете

Ако сакате нешто брзо и лесно, а вкусно, тогаш направете пита со зелка и варени јајца.

За појадок или вечера можете да имате пита со зелка и варени јајца, но можете да ја послужите и како празнично предјадење. Направете различно предјадење од другите домаќинки кое сите ќе ги маѓепса со својот вкус. Сите ја сакаат зелката, а кога ќе ја комбинирате со варени јајца, добивате феноменален оброк. Тестото лесно се прави, а вкупно ви треба помалку од еден час за да го подготвите.

Не ги фрлајте лушпите од јајцата, туку направете со нив одлично средство за чистење кујна.

Состојки:

За тестото:

500 гр кефир
350 гр брашно
2 јајца
прстофат сол
прстофат шеќер
8 g прашок за пециво

За полнење:

250 гр зелка
3 варени јајца
малку зачин
малку праз

Подготовка:

Додадете прашок за пециво во јајцата, изматете ги, а потоа додадете шеќер и сол. Повторно соединете и истурете го кефирот. Промешајте, па додадете го брашното и убаво соединете. Половина од смесата истурете ја во тавата која сте ја премачкале со путер, малку од смесата намачкајте и по рабовите. Зелката исечкајте ја на ленти, а вареното јајце на коцки. Посипете ги и зачинот и празот и сè убаво соединете. Прелијте ја смесата во тавче. Прелијте го остатокот од смесата и израмнете. Печете на 180 ° C околу 40 минути.