Свет

Мексиканските власти го уапсија синот на нарко босот Ел Чапо

Мексиканските власти го уапсија синот на нарко босот Ел Чапо

Овидио Гузман, синот на затворениот наркобос Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо, бил уапсен денеска од мексиканските власти, изјавија за Ројтерс четворица официјални лица запознаени со ова прашање.

Веста за апсењето дојде по ноќните судири во градот Кулијакан во северната држава Синалоа, дом на истоимениот нарко-картел, една од најмоќните светски организации за шверц на дрога.

Овидио, кој стана клучна фигура во картелот Синалоа по апсењето на неговиот татко, беше накратко приведен во октомври 2019 година од безбедносните сили. Набргу потоа, сепак, тој беше ослободен за да избегне крвава одмазда од неговиот нарко картел, што исто така беше срамно неуспех за мексиканските власти, пишува БТА.

Утринава, безбедносните сили беа зафатени со обидот да ја спречат реакцијата на семејството Гузман во областа, рече еден од официјалните лица.

Локалните власти ги повикаа луѓето да останат дома и рекоа дека училиштата и институциите се затворени поради судирите. Градскиот аеродром исто така останува затворен. „Ги замолуваме граѓаните на Кулијакан да не ги напуштаат своите домови поради блокадите во различни делови на градот“, напиша на Твитер градоначалникот на градот, Хуан де Диос Гамез.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни