Мексико распореди 10.000 војници на границата со САД: Вонредна состојба на преминот!

Мексико распореди 10.000 војници долж својата граница со САД за да спречи илегално преминување на мигранти, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини од 25 отсто за мексиканската стока, доколку мексиканските власти не ја запрат илегалната миграција и шверцот со фентанил.

Припадниците на мексиканската национална гарда беа распоредени во средата меѓу Сиудад Хуарез, Мексико и Ел Пасо, Тексас, објави АП. Најмалку 1.650 војници се очекува да бидат испратени во Сиудад Хуарез, а речиси 2.000 војници ќе бидат испратени во Тихуана, според владините податоци.

Трамп рече дека ќе го одложи воведувањето царини за Мексико за најмалку еден месец, откако мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум вети дека ќе испрати Национална гарда да ја зајакне границата и да го сузбие шверцот со фентанил. На 20 јануари Трамп прогласи вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното