Мелодиите за телефон излегуваат од мода

Истражувањата покажуваат дека мелодиите со кои ни ѕвонат телефоните, полека но сигурно исчезнуваат.

Според „Сензор тауер“ преземањата на ваквите апликации се намалени за една четвртина последниве неколку години.

Ваквата појава се случува околу деценија и пол легендарниот „рингтон“ звук „Crazy Frog“ кој што за само 12 месеци на своите креатори им донесе приход од неверојатни 40 милиони фунти.

Анализите, пак сега покажуваат дека корисниците во Велика Британија кои инсталираат апликации за мелодија паднале за 20 отсто меѓу 2016 и 2020 година – од 4,6 милиони на 3,7 милиони луѓе.

Овој тренд на „излегување од мода“ се објаснува со поинаквите потреби, како и новите видови на потрошувачка кај младите лица, односно за разлика од претходните генерации, младите претпочитаат „тивок режим“.

Сега, лицата во своите 20-ти години трошат многу повеќе време со својот телефон во рака, а практично, навистина не им треба посебно ѕвонење, бидејќи секогаш, речиси веднаш, гледаат кога некој им ѕвони.

Преносните уреди – паметни часовници и нараквици, кои се поврзани со телефоните и ги известуваат корисниците за дојдовни повици преку вибрации, исто така се фактор.

Тука се и пишаните пораки, кои сѐ повеќе се претпочитаат и донекаде ги истиснуваат повиците.