И годинава граѓаните до Народниот правобранител најмногу се жалеле на работата на правосудството и одолговлекувањето на судските постапки. Мемети, рече дека е интересен фактот што годинава за над 50% се зголемил бројот на поплаките на граѓаните за дискриминација и вознемирување на работното место. Тој додава дека како институција тешко имаат влијание врз овој феномен. Мемети истакнва дека од вкупно 12 констатирани случаи, само во три се прифатени нивните препораки.
Мемети вели дека загрижува фактот за постоење на булинг и говор на омраза меѓу учениците. Според него, годинава имало доста претставки и од родителите на децата.
Во интервјуто, Мемети меѓу другото говореше и за говорот на омразата, феномен, кој според него сѐ уште е присутен во речникот на политичарите. Мемети истакна дека најлошото нешто е злоупотребата на државните институции за политички поени и дека граѓаните се доста загрижени поради тоа.