Хуманитарното здружение „Бели Гулаби“ ги повикува сите граѓани на 12-ти февруари да се приклучат на меморијалниот марш во Македонска Каменица во чест на нивната прерано замината сограѓанка, Кети Милковска.
Маршот се организира по повод нејзиниот роденден, како потсетник на трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој згасна еден млад живот.
- 14:00 часот: Собир пред соборниот храм „Пресвета Богородица“. Заедно ќе запалиме свеќи и ќе оддадеме почит со молитва за Кети.
- Од храмот се упатуваме кон автобуската станица, продолжуваме по главната улица, сѐ до Културниот дом.
- Во Културниот дом ќе се одржи пригоден говор во знак на сеќавање на нејзиниот лик и дело.
Овој марш, поддржан и од родители од Кочани, има за цел да го зачува споменот за Кети и да испрати силна порака дека таа никогаш нема да биде заборавена.
„Да зачекориме заедно по патеките кои Кети ги сакаше и да ѝ оддадеме почит на нејзината младост.“
Ве очекуваме да маршираме со достоинство и љубов.