За неполни две години, од септември 2024 до март 2026, пензиите се зголемени за вкупно 7.000 денари месечно, односно за околу 36 проценти, изјави директорот на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов.
Според него, минималната пензија е зголемена за 61,75 проценти, а просечната за околу 40 проценти, што претставува најголемо покачување во изминатите две децении.
Мемов посочува дека за исплата на пензии сега се издвојуваат речиси 500 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година. Месечната исплата пораснала од 7,21 милијарди денари во септември 2024 на 9,65 милијарди денари во март 2026, што е зголемување од околу 2,44 милијарди денари.
