Меркел ја попари Македонија: Имате уште долг пат до ЕУ

Земјите од Западен Балкан ќе имаат долг пат пред да влезат во Европската унија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од Ројтерс.

На заедничката прес -конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград, Меркел рече дека пристапувањето на земјите од Западен Балкан во Европската унија е во геостратешки интерес на сегашните членки на ЕУ.

„Србија и целиот регион имаат уште долг пат пред да станат членки на ЕУ, што е наша заедничка цел. Ние, кои веќе сме дел од ЕУ, мора да запомниме дека имаме безусловен геополитички интерес да ги вклучиме овие земји во Европската унија “, забележа таа.

Канцеларката претходно рече дека ги гледа шесте земји од Западен Балкан – Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Северна Македонија – како идни членки на ЕУ.