Мерц со осуда за изјавата на Венс дека слободата на говор не се почитува во Европа

Германскиот опозициски политичар и кандидат на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за канцелар Фридрих Мерц ја осуди денеска изјавата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс дека слободата на говор не се почитува во Европа.

Мерц на конференцијата за безбедност во Минхен рече дека Германија е цврст бранител на слободата на говорот и ги почитува правилата наметнати од демократските институции, но дека „лажните вести и говорот на омраза остануваат предмет на законски ограничувања“, објави Ројтерс.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно денеска изјави дека Германија нема да прифати странско мешање во нејзината демократија, а тоа го изјави еден ден откако Венс ја критикуваше европската демократија на Минхенската безбедносна конференција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното