Компанијата „Мета“, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, планира да намали илјадници вработени оваа недела, пишува The Economic Times.
Мета во ноември укина 11.000 работни места. Компанијата отпушта цели тимови за кои смета дека се непотребни.
Мета објави пад на приходите од реклами и го насочи својот фокус кон платформата за виртуелна реалност наречена метаверс. Платформата побара од директорите да подготват списоци на вработени кои би можеле да бидат пуштени, велат изворите.
Портпаролите на компанијата одбија да коментираат за претстојните отпуштања.