Забава

Мета се извини што на палестинските корисници им го додаде зборот „терорист“ на профилите!

Мета се извини што на палестинските корисници им го додаде зборот „терорист“ на профилите!

Компанијата Мета се извини откако го вметна зборот „терорист“ во описот на профилот на некои палестински корисници на Инстаграм. Тие велат дека имало „грешка во автоматскиот превод“.

Проблемот ги погоди корисниците на кои во описот на нивниот профил е напишан зборот „Палестинец“, палестинското знаме и зборот „алхамдулила“ на арапски.

-Фала му на Бога, палестинските терористи се борат за својата слобода, гласи реченицата по автоматскиот превод.

Портпаролот на Мета рече дека проблемот е решен и дека автоматскиот превод сега гласи само „Фала му на Бога“.

-Решивме прашање што накратко предизвика несоодветни преводи од арапски. Искрено се извинуваме за ова што се случи, рече портпаролот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни