Македонија

Метео аларм за Македонија: Невреме со силен дожд и грмотевици – делови во жолта и портокалова алерт фаза

Метео аларм за Македонија: Невреме со силен дожд и грмотевици – делови во жолта и портокалова алерт фаза

Под влијание на циклонски систем придружен со атмосферски фронт денес времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. UV=6

Во Скопје променливо облачно, од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Умерено облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Локално, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен слаб дожд. UV=7

Во Скопје со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни