Македонија

Метео аларм за овие региони во Македонија: Ветер до 70 km/h и врнежи од снег

Метео аларм за овие региони во Македонија: Ветер до 70 km/h и врнежи од снег

Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во утре претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места особено во западните делови каде ќе се формира помала снежна покривка.
Во Скопје денес времето ќе биде претежно облачно и ветровито со врнежи од дожд, повремено пообилни. Во текот на ноќта со засилен северен ветер ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h).

Во Скопје претпладен променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни