Денеска, во југоисточните делови на државата се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, предупредуваат од метеоролошките служби.
На граѓаните им се советува да ги земат предвид можните поплави и локални излевања на вода.
Се препорачува внимателно движење по патиштата, избегнување на поплавени подрачја и следење на дополнителни известувања од надлежните служби.