Метеоролозите предупредуваат: Во вторник се очекуваат обилни врнежи од снег

Под влијание на серија на влажни бранови до вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет, информира УХМР.

Пообилни врнежи од снег се очекуваат вторник кога ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Се вчитува...

Во Скопје претежно облачно, со услови за краткотраен дожд кој повремено ќе преминува во провејување на снег, а попладне врнежите ќе престануваат. Температурата ќе достигне до 4 степени.

Во следниве денови понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла.