Во неделата се случи инцидент во Бајракли џамијата во Белград кога маж се закануваше дека ќе ги убие верниците.
Во дворот на џамијата Бајракли во Белград, на улицата „Господар Јевремова“, во неделата дошло до инцидент кога мажот М.К. (48) упаднал во џамијата и им се заканил дека ќе ги убие верниците. Извадил скалпел и се обидел да го повреди Н.Л. (40), а при нападот упатил грозоморни закани.
„Ми стави скалпел од 10 сантиметри под грло. Цело време ја пцуеше нашата мајка велејќи дека тој е МОСАД и дека ќе не повреди. Успеав да возвратам за да не ме пресече. изјави еден очевидец.
Полицијата го привела М.К. а во полиција му е одредена мерка притвор до 48 часа. Тој имал околу два промили алкохол во крвта и е обвинет за поттикнување национална, расна, верска омраза и нетрпеливост.