Миа на задача – дали го гледавте најгледаното видео на Тик Ток годината?

Видеото на симпатичната персиска мачка Миа стана најгледаното во 2021 година на Тик Ток и е прегледано дури 184,9 милиони пати.

Во видеото е Миа која одејќи по картон прескокнува препреки направени од пластични чаши.

Инаку, се работи за мачка која привлекува внимание со својот изглед, способност и интелигенција, а нејзината сопственичка Јулија и ги води профилите на социјалните мрежи.

Таа често објавува убави клипови во кои Миа решава разни задачи.

https://www.tiktok.com/@mmeowmmia/video/6989915442714365190?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2F&referer_video_id=6989915442714365190&refer=embed&is_copy_url=1&is_from_webapp=v1