Сашо Мијалков на својот Фејсбук профил упати порака до актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во која му посочува дека има максимална поддршка од него доколку состави Влада и во судиското продолжение го сврти резултатот, но доколку не успее, треба да понесе одговорност.
„Имаш максимална поддршка од мене да составиш влада и во судиското продолжение да го свртиш резултатот. Доколку го сториш тоа, јас ќе бидам првиот кој ќе ти честита. Доколку не успееш, тогаш ќе мора да понесеш одговорност затоа што му овозможи на СДСМ повторно да формира влада“, пишува Мијалков.
.