Македонија

Мијалков излегува од Шутка оди во куќен притвор

Сашо Мијалков излегува од затворот во Путка и оди во куќен притвор откако Апелација ја уважи жалбата. Тој е неправосилно осуден на три години затвор за предметот на СЈО „Титани 2“.

Но, одлуката за куќен притвор за Мијалков е до правосилност на пресудата, но најдолго 60 дена, сметано 8 март за него. Тогаш му беше изречена пресудата во Основниот суд Скопје 1. Мијалков по еден месец ќе биде на слобода, затоа што за него не е поднесено обвинение, туку обвинителен предлог, појаснуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Скопска апелација, според кој предвидената казна е помала, од една до 5 години затвор.

Веднаш по изрекување на пресудата на 8 март, Мијалков и Ибраими беа спроведени во притвор во затворот во Шутка.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни