Мик Џегер е заразен со коронавирус

Фронтменот на Ролинг Стоунс, Мик Џегер, објави дека е заразен со коронавирус.

Музичарот Мик Џегер (78) на својот Твитер профил ги известил своите следбеници дека резултатот од тестот за коронавирус што го направил е позитивен.

 

„Многу ми е жал што морам да ве информирам дека го одложуваме настапот во Амстердам. Со помош на тест дознав дека имам ковид. Ќе се обидеме што поскоро да направиме нов распоред на настапи и што побрзо да се вратиме на сцената. Ви благодариме за разбирањето и трпението, Мик“, напиша познатиот музичар.