Како што дознава ТВ21, денешниот инцидент се случил поради провокација бидејќи претходно Миле Јанакиески се дружел со Хајруш Авдија и не му се случило ништо, а исто така и Кирил Божиновски бил во иста соба со дел од кумановската група.
Директорот на затворот Ѓоко Котевски рече дека за овој инцидент ќе има соопштение. Од затворот до Кривичен суд било испратено известување за инцидентите и утре судија ќе оди во посета на приведените.
Од затворот најавија и официјално соопштение.