Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска треба да се јави во затвор, откако вчера Апелација одлучи по жалбите на пресудата за „Титаник“, дознава 4NEWS.mk
Иако против Јанакиески има повеќе предмети, а некои се во суд веќе шеста година, „Титаник“ е првиот предмет за кој има правосилна пресуда против Јанакиески.
Адвокатот Еленко Миланов денеска испрати писмо до Кривичниот суд од кој бара на Јанакиевски да му се спојат и пребијат притворите од казната за „Титаник“.
„Законски пречки за такво спојување нема. Дури и законските одредби укажуваат на тоа дека без оглед за кое кривично дело, доколку има лишување од слобода за кое било кривично дело, судот треба да ги засмета. Никаде не е определено дека судот, ниту дека по разни предмети може да се спојат (притворите н.з.), но исто така никаде не е забрането тоа да се чини“, изјави денеска пред Кривичниот суд во Скопје адвокатот Еленко Миланов.
Ако Кривичниот суд го одбори ваквото барање, тоа секако ќе биде прво, барем кога е во прашање осуденик од висок профил како што е Миле Јанакиески.