Симболот на Скопје односно Милениумскиот крст навечер ќе се исклучува и нема да свети?!
Имено, во услови на енергетска криза, имаше многу предлози за штедење како што е исклучување на јавното осветлување, исклучување на светлечките реклами, а меѓу нив беше и исклучување на Милениумскиот крст на Водно.
Од Град Скопје, надлежен за плаќање на електричната енергија за крстот, велат дека во фаза на изработка е План за штедење енергија на сите институции под Градот за престојната грејна сезона.
„Ова ќе биде прв План од ваков вид. Тој се уште не е готов“ – кусо одговорија градските власти за Вечер.
Од таму не се прецизира дали со него ќе биде опфатен и Милениумскиот крст.