Пред повеќе од една деценија, австралискиот милијардер Клајв Палмер ги објави плановите за изградба на нов Титаник, копија на бродот што потона во 1912 година.
Истото го повтори и во 2018 година, но ништо конкретно не се случи. Неодамна Палмер одржа конференција во операта во Сиднеј и повторно го „оживеа“ необичниот проект.
Милијардерот е сигурен дека неговата визија ќе оживее, со ветување дека компанијата што намерно ја основал – „Blue Star Line“, ќе изгради брод со супериорен стил.
Во моментов не е познато кое градилиште би можело да го реализира зафатот, а на новинарско прашање зошто сака да го изгради Титаник II, Палмер одговори:
„Тоа е многу позабавно отколку да седите дома и да броите пари.“
Палмер објасни дека пандемијата е виновна за доцнењето и се надева дека новиот Титаник ќе исплови во 2027 година.
Треба да замине од Саутемптон до Њујорк, со што ќе го повтори несреќното патување од 1912 година.
Странските медиуми јавуваат дека изградбата на бродот би можела да чини меѓу 500 милиони и 1 милијарда долари. Новиот Титаник ќе биде долг 269 метри и широк 32,2 метри.
Просторот за 2.345 патници ќе биде распореден на девет палуби со 835 кабини. Речиси половина ќе биде резервирана за прва класа, пренесува CNN.
Внатрешноста би била иста како и оригиналниот брод, со сала за бал, базен и турска бања. Во јавноста беше прикажана и 3Д анимација на идниот гигант.
