Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на својот Фејсбук профил пишува дека премиерот Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи Бујар Османи се двајца актери на кои им се случил најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација.
„Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото. Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста“, вели Милошоски.
Тој додава дека затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради.
„Еден збор е доволен. Оставка“, пишува Милошоски.