Милошоски со макета на Димитров во Собрание

Антонио Милошоски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието дојде со макета на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, алудирајќи на тоа дека Димитров не доаѓа на дебата на Комисијата за надворешни работи во Собранието, каде што треба да се решаваат проблемите, меѓу кои и спорот со Бугарија.

„Собранието, во членките на ЕУ, но за жал не и во Македонија, секогаш било место за демократска расправа меѓу министрите“, напиша Милошоски, а подолу заврши со реченицата: „Слика има, тон нема“.

Собранието, во членките на ЕУ, но за жал не и во Македонија, секогаш било место за демократска расправа меѓу министрите…

Posted by Antonio Miloshoski on Thursday, November 12, 2020

.

Извор: ТВ21