Минчев: Нема зборови за утеха, но мора да има одговори

Министерот за јавна администрација Горан Минчев вели со длабока тага ја примивме веста за трагедијата во Кочани, која одзеде млади животи и остави неизмерна болка.

„Ова не е само трагичен настан – ова е повик за будност, одговорност и правда.

Нема зборови што можат да ја ублажат тагата на семејствата, но мора да има одговори и постапки што ќе спречат вакво нешто да се повтори.

Секој што потфрлил во својата должност мора да сноси одговорност.

Во овој тежок момент, изразуваме искрено сочувство до семејствата и блиските на загинатите, додека на сите повредени им посакуваме брзо закрепнување“, вели Минчев.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното