Министерката Петровска тајно помагала во подигнување на спомен плоча на бранител, сакала да остане анонимна

Ретко сме сведоци кога нешто се помага и донира, а тоа да се прави без камери. Токму затоа и го објавуваме овој текст. При неодамнешна посета на прилепско дознавме дека министерката за одбрана Славјанка Петровска помогнала во подигнување на надгробен споменик за бранител, но ги замолила мештаните да остане анонимна, дознава 4NEWS.mk од жителите низ прилепските села.

Марко Деспотоски е роден на 28 септември 1973 година во прилепското село Новоселани. Деспотоски на 12 години останал сирак и оттогаш бил постојано со својот дедо. Работел за двајцата во селото разни аргатски работи за да донесе парче леб.

Една година пред војната 2001 година, Деспотоски ги пасел селските крави и така заработувал за себе и за својот дедо, но и за мајка му, која живее кај својата сестра во Скопје.

Марко Деспотоски (†27), е еден од загинатите во масакрот кај Карпалак.

Тој е посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија.

Поради лоша економска состојба на преостанатото семејство на Марко до скоро немал надгробна плоча споменик. Селаните се решаваат да се обратат директно до Петровска која помага во нејзино издигање и ги замолува селаните да остане анонимна.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното